Вести Економија Најважни

Викенд без ДДВ, рамен данок и поефтина струја за фирмите од ноќни вишоци- Мицкоски со сопствен план за мерки за справување со енергетската криза

Пакетот мерки кој го предложи владата не е добар и не решава ниту еден проблем на граѓаните и стопанството, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој го повтори тврдењето дека владата не е способна за управување во криза.

Наспроти ова, Мицкоски понуди сопствен план за мерки за енергетската криза.

Предлага наместо недела, стопанствениците да изберат било кој друг да биде неработен за да се искористат вишоците енергија, како и ноќните вишоци по ефтина цена да им се продадат на фирмите и на стопанството. Предлага за граѓаните да се воведат викенди без ДДВ и да се одложи даночната реформа за скалесто оданочување.

Првиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е вишоците струја кои ги произведува АД ЕСМ кои се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството и тоа од 1 ноември до крајот на кризната состојба. Цената, според Мицкоски, нема да надмин 80 евра за мегават часови и се работи за 200 до 250 илјади мегават часови. Според него, за ова да се оствари треба да се интервенира во два закони бидејќи недела е неработен ден, за да може работодавачите да одберат кој ден од неделата би го користеле за слободен ден. Втората мерка е секоја компанија која ќе плати цена на струја за мегават час над цената на регулираниот пазар, половина од разликата да ја превземе државата со субвенција. Според калкулации на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за педесетина милиони помош кон стопанството за да не ни случи колапс.

Мицкоски предложи како мерка викенд без ДДВ за основните прехрабени производи, интервенција во Законот за личен доход за што ќе поднесат измени во Собранието, да се одложи скалестото оданочување од 1 јануари 2023. Последната мерка се однесува на „дестерелизирање на благајничките записи во Народната банка“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија не е само во енергетска, туку и во економска криза.

Пакетот мерки нема ништо со што ќе се заузда растот на цените на храната, плаќаме најскапа струја во регионот, рече Мицкоски, оценувајќи дека вчерашниот пакет мерки промовиран од Владата е симболичен и недоволен и „гол маркетиншки трик“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе