Вести Македонија

Николоски: Финалната цена на еден километар од автопатот Кичево – Охрид е 13,5 милиони евра, „Ексим банка“ нè одби за дополнителни средства

Финалната цена на чинење по километар на автопатот Кичево – Охрид е 13,5 милиони евра, тоа значи дека целиот автопат би требало да чини некаде околу 760 до 770 милиони евра, рече Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Ова е сè уште најевтиниот автопат кој што се гради во Македонија. За споредба, автопатите кои што се градат на коридорите 8 и 10 со договорот со конзорциумот „Бехтел&Енка“ ќе стигнат некаде по 15,5 до 16 милиоји евра по километар. Скопје – Блаце од ова што имаме како индикативни понуди, ги работиме заедно со Европската банка за обнова и развој, ќе биде некаде околу 21 милион евра по километар и нешто слично ќе биде Кичево – Букојчани. Што значи дека ова сè уште останува најевтиниот автипат кој што го градиме, но доколку беше изграден навреме, ќе беше помалку од ова што е сега“, изјави Николоски.

Концептот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, истакна Николоски, е „дека кинеската Ексим банка“ дава кредит, за возврат државата се обврзува најмалку 51 процент од работите да ги изведува кинеска компанија, што во случајот е Синехидро“.

„Единствениот дел на Охрид – Кичево се 20-те километри што се обврска на Синехирдо. Тие се во вредност поголеми, затоа доаѓа 51 процент. Значи од 57 километри, 37 се завршени, 34 се во функција. Тие беа работени од македонски подизведувачи, од компаниите „Гранит“ од Скопје и „Илинден“ од Струга и тие се целосно завршени. Делот што не е завршен е дело на „Синехидро, јасно е динамиката на „Синехидро“ не е на она ниво на кое што ни очекуваме“, изјави Николоски и најави состанок со раководството на компанијата за Европа.

Паралелно со тоа, дополни Николоски, „Ексим банка од Кина треба да обезбеди финансирање на проектот“.

„Имајќи предвид дека проектот беше заборавен со години наназад, природно беше сега ние да побараме поголема сума на средства, со цел да го завршиме. Ние побаравме и бевме одбиени од Ексим банка. Средствата што ги побаравме тогаш беа 175 милиони евра од причини што веројатно само тие ги знаат. Нашле некое писмо потпишано од претходниот министер за транспорт, министер за финансии и директор на јавно претпријатие за државни патишта и вицепремиер за економски прашања во кое тие рекле дека мислат дека нема да се потрени дополнителни средства“, објасни Николоски.

Проблемот со транспортерите е голем, но и двостран, порача Николоски.

„Основата за решение на проблемот, она што ние го баравме, е признавање на возачите за професионалци, без разлика дали се возачина камиони или автобуси, затоа што и патничкиот сообраќај е афектиран. Тоа беше првата фаза. Втората фаза е да се најде модел како да се реши. Постоеја три модели, се одбра моделот со долгорочни визи. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Законот во Хрватска е во Саборот, очекуваме во најскоро време да се усвои. Романија, исто така, драфтираше законот кој е влезен во романскиот парламент, по изборите во Унгарија и таму влегува закон… Така што од државите кои нѝ се поважни, остануваат уште во Австрија и Германија, имајќи предвид дека Хрватска, Романија, Унгарија и Австрија се главно транзит држави, а Германија е крајна дестинација за најголем дел од превозниците, како и Швајцарија. Следна најзначајна крајна дестинација е Велика Британија, но Велика Британија не е во Шенген и таму ги решаваме работите поинаку“, рече Николоски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе