Денес зборуваме за почит, можности и еднаквост. Но овие зборови немаат вистинска тежина ако не сме подготвени да ја погледнеме и реалноста со која се соочуваме.
- За жал, оваа година 8 Март го одбележуваме и во сенка на една голема трагедија што ја потресе јавноста, загубата на два човечки животи, мајка и дете, како жртви на семејно насилство. Изразувам искрено сочувство до семејството. Оваа болка е потсетник дека како општество имаме заедничка одговорност, институциите да реагираат навремено, координацијата да биде поефикасна, а превенцијата и поддршката да станат вистински приоритет. Затоа што понекогаш навремената реакција е прашање на живот, вели Жаклина Пешевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Можностите значат економска самостојност и фер шанса. Еднаквоста значи жените да бидат рамноправни креатори на политики и општествени промени.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
