Вести Економија Свет

Избегната нова блокада-репубиканците и демократите постигнаа договор за финансирање на владата

Демократите и републиканците во американскиот Сенат постигнаа договор за привремено финансирање на Министерството за внатрешна безбедност со цел да се избегне нова блокада на работата на владата.

Договорот го поддржа и американскиот претседател Доналд Трамп, јави Еуроњуз.

Двете страни се согласија да го издвојат финансирањето на внатрешната безбедност од сеопфатниот закон за буџет и да обезбедат средства за работа на министерството во следните две недели. Во тој период ќе продолжат преговорите за барањата на демократите да се ограничат овластувањата на Имиграциската и царинската служба , која делува во рамките на ДХС.

-Републиканците и демократите се обединија за да обезбедат финансирање за огромното мнозинство од владата до септември“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл (Truth Social).Се надевам дека и републиканците и демократите ќе ја дадат толку потребната двопартиска поддршка, додаде тој.

Договорот е постигнат откако демократите во Сенатот вчера го блокираа законот за финансирање на ДХС. Тие побараа двонеделно продолжување и се заканија со блокада на целокупниот буџет доколку нивните барања не бидат исполнети, што би предизвикало нова парализа на владата.

Овој потег уследи по смртоносното пукање во Минеаполис, во кое сојузни агенти усмртија двајца 37-годишни американски државјани, Алекс Прети и Рене Гуд. Нивната смрт предизвика силна реакција во јавноста и ги обедини демократите во нивните барања.

Пред само два месеци владата беше во блокада 43 дена бидејќи демократите го блокираа буџетот поради укинувањето на сојузните субвенции за здравствена заштита. Тогаш блокадата заврши откако помала група умерени демократи постигна договор со републиканците. Овој пат, по смртта на Прети и Гуд, демократите се значително пообединети.

И покрај привремениот договор, се очекува преговорите за конечното решение за финансирање на Министерството за внатрешна безбедност да бидат тешки. Демократите бараат прекин на острата имиграциска политика што ја спроведува администрацијата на Трамп, но малку е веројатно дека републиканците ќе се согласат на сите нивни барања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе