Вести Економија Најважни

Товарниот сообраќај блокиран, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз

Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои во понеделникот поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото  за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за регионот од кој во протестот се вклучени камионските транспортери од државава, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

И Бугарија пријави дека трпи штети, бидејки транспортерите се принудени да бараат алтернативни низ Романија патишта кои временски им го продолжуваат нивниот транспорт до европските дестинации, а загубите кои ги пресметале се од 10 до 12 евра на час за платите на возачите и гориво на возилата.

Во меѓувреме, на проблеми поради новиот начин на евиденција укажаа и возачите на автобусите во меѓународниот превоз од каде апелиарат до европските институции за фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе