Вести Економија Свет

Реакции на Србија и Бугарија за блокадите на транспортните превозници

Протестот на товарните превозници, кој започна како предупредување, сега веќе има последици кои чинат милиони евра и со кои се нарушени синџири на снабдување, а се става во ризик и нормалното функционирање. Реакции и од Србија и од Бугарија, Западен Балкан губи 100 милиони евра дневно поради блокадите на камионџиите, вели претседателот на Стопанската комора на Србија

-Еве денес, имајте во предвид дека овде на овој прелаз каде што се наоѓаме поминуваат дневно 1000 камиони кои одат во ЕУ и се враќаат со роба, 100 милиони евра е шетата за регионот на Западен Балкан за еконмијата на Западен Балкан секој ден.55 милиони евра е штета само од  неможност на извоз од Србија. Овде зборуваме само за дирекна штета во роба, вели за РТС Марко Чадеж- претседател на Стопанска комора на Србија.

Тој истакна дека, за разлика од претходните глобални кризи во синџирите на снабдување, во времето на Ковид пандемијата или блокадата на Суецкиот канал, сегашната криза не е предизвикана од надворешен фактор, туку од нефлексибилноста на европската администрација.  Нагласи дека бизнисмени од Србија, Македонија, Албанија и Црна Гора заеднички го посочуваат овој проблем повеќе од две години, како и компаниите од ЕУ што работат во регионот, но сè уште нема решение.

Бугарските транспортни компании исто така се жалат на големи финансиски загуби бидејќи мораат да користат алтернативни патишта низ Романија поради блокадите на граничните премини со Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. За Нова БГ тие велат дека тоа  го продолжува нивниот транспорт за 500-600 километри до европските дестинации, а загубите кои ги пресметале се околу 10-12 евра на час.

-Барањето е блокадата да продолжи до 2 февруари. Објавивме прелиминарни информации за да ги информираме колегите да ги избегнуваат погодените земји со цел и да се воздржат, бидејки тоа ќе доведе до дополнителни загуби.  Во просек, 1.200 автомобили минуваат низ граничниот премин Калотина, па загубите што ние ги пресметавме се околу 10-12 евра на час. Тие се поврзани со платите на возачите и трошоците за гориво, изјави Емил Николов од Унијата на меѓународни превозници Бугарија

Состојбата ќе се следи внимателно, а земјите од Западен Балкан најавуваат разговори со транспортните здруженија и Европската комисија за координација и можни решенија.

Кристина Кузмановски

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе