Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека цел свет се плаши од неговиот американски колега Доналд Трамп, но не и тој. Зеленски ги негира тврдењата дека Трамп ги фрлил картите со линиите на фронтот во Украина за време на нивниот тензичен состанок во Белата куќа во октомври, кога очекуваше дека ќе добие крстосувачки ракети „Томахавк“ од Вашингтон.
„Ништоне фрли. Сигурен сум“, рече Зеленски пред новинарите во Киев, опишувајчи ги односите со Трамп како „нормални“, „деловни“ и „конструктивни“.
Трамп наводно вршел притисок врз Зеленски да ги прифати максималистичките услови на рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната. Во спротивно, наводно му рекол на Зеленски дека рускиот претседател ќе ја „уништи“ Украина, ако не се сложи во условите на Путин.
Зеленски наведе дека сите во светот се плашат од Трамп, но не и тој лично.
„Не, не сме непријатели на Америка. Ние сме пријатели. Па, зошто би се плашеле“, рече Зеленски и додаде Украина планира да нарача 27 противвоздушни системи од американско производство за зајакнување на одбраната на земјата од руските воздушни напади.
