Вести Свет Топ вести

Трамп го помилува Џулијани и уште 70 луѓе кои беа обвинети за измама на изборите во 2020 година

Претседателот на САД, Доналд Трамп помилува клучни личности осомничени за вмешаност во планот за организирање алтернативен список на гласачи и откривање на изборни измами за време на изборите во 2020 година, изјави денеска американскиот обвинител за помилување, Ед Мартин.

Тој додаде дека помеѓу помилуваните е и поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

„Трамп помилува над 70 истакнати личности, за кои се тврди дека се вмешани во неговиот обид да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година, јави вклучувајќи, заедно со Џулијани, повеќе од 70 лица за кои се тврди дека се поврзани со обидот за оспорување на резултатите од изборите во 2020 година“, објави телевизијата „Еј-би-си њуз“.

Помилувањето што го потпиша Трамп ги вклучува сите обвинети, кои заедно со него беа обвинети во Џорџија за сеопфатен план за поништување на изборните резултати, а четворица од помилуваните веќе се изјаснија за виновни.

„Со помилувањето се става крај на тешката национална неправда извршена против американскиот народ по претседателските избори во 2020 година и го продолжува процесот на национално помирување. Ова помилување не се однесува на претседателот на САД“, се наведува во помилувањето.

Во ноември минатата година, американскиот федерален судија го одобри барањето на специјалниот обвинител Џек Смит да го одложи случајот против Трамп за заговор за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година откако тој победи на претседателските избори.

Трамп е обвинет за заговор за измама на САД и заговор за попречување на официјалните постапки, кога на 6 јануари 2021 година, поддржувачите на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот за да ја попречат потврдата на победата на Џо Бајден на претседателските избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе