Во вечерашната Топ Тема се зборуваше за 72 часовната акцијата за чисто Скопје. За Драган Димковиќ од Зелен Хуман Град е нејасно како може еден градоначалник кој се уште ја нема преземено функцијата да може да органзира претпријатија и камиони.
„Мене не ми е јасно како може еден градоначалник уште неседнат на функција да организира акции, камиони, претпријатија од други градови – целава ова организација да ја направи, а уште не седнал на функција“, рече Димковиќ.
Дополнително Димковиќ ја потенцираше и потребата за план како и земање пример од другите земји за да се справи градот Скопје со отпадот.
Т.Д.
