Доколку граѓаните беа навистина незадоволни од работата на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да ѝ дадат толкава и убедлива поддршка на локалните избори. Тоа е најјасната порака од народот дека има доверба во политиките кои носат резултати.
Како може токму партијата која со години го оштетуваше државниот буџет за лични и партиски интереси, денес да држи прес-конференции за подобар животен стандард и економија?
Колку е иронично што СДС зборува за инфлација кога токму во нивно време државата се соочи со двоцифрена инфлација и економска нестабилност.
