Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека фирмите во главниот град ќе добијат посебни контејнери или канти за отпад за да се спречи натрупувањето на садовите што се наменети за домаќинствата.
Изјавата ја даде по завршувањето на 72-часовната акција за чистење на Скопје, во рамки на која биле собрани 4.500 тони ѓубре.
Ѓорѓиевски посочи дека покрај отпадот од фирмите, дополнителен проблем претставува и одлагањето на мебел и кабаст отпад од страна на граѓаните, што создава грда слика низ градот.
Во текот на акцијата биле изречени 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица.
