Вести Економија Најважни Свет

Апелациски суд ги прогласи нелегални царините на Трамп

Апелацискиот суд на САД пресуди дека повеќето царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп се нелегални, што претставува потенцијална правна пресметка што би можела да ја смени неговата надворешнополитичка агенда.

Пресудата влијае на „реципрочните“ тарифи на Трамп, наметнати на повеќето земји низ целиот свет, како и на други тарифи воведени врз Кина, Мексико и Канада.

Со одлука од 7 „за“ и 4 „против“, Апелациониот суд на САД го отфрли аргументот на Трамп дека царините биле дозволени според Законот за вонредни економски овластувања, нарекувајќи ги „неважечки како спротивни на законот“.

Пресудата нема да стапи на сила до 14 октомври, за да ѝ се даде време на администрацијата да побара од Врховниот суд да го разгледа случајот.

Трамп го критикуваше апелациониот суд и неговата одлука за „Truth Social“, велејќи: „Доколку ѝ се дозволи да остане на сила, оваа одлука буквално ќе ги уништи Соединетите Американски Држави“.

„Денес еден високо партиски апелационен суд погрешно рече дека нашите царини треба да бидат укинати, но тие знаат дека Соединетите Американски Држави ќе победат на крајот“, напиша тој.

„Ако овие царини некогаш исчезнат, тоа би била целосна катастрофа за земјата. Тоа би нè направило финансиски слаби, а ние мора да бидеме силни“ додаде Трамп.

Трамп ги оправда царините според Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации (IEEPA), кој му дава на претседателот овластување да дејствува против „невообичаени и вонредни“ закани.

Трамп прогласи национална вонредна состојба во економијата со тврдење дека е трговскиот дисбаланс е штетен за националната безбедност на САД. Сепак судот пресуди дека воведувањето царини не е во рамките на мандатот на претседателот и дека одредувањето давачки е „основно овластување на Конгресот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе