Вести Економија Свет Топ вести

Мерц: Германија е во структурна економска криза, предизвиците се поголеми од очекуваното

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека справувањето со економските предизвици на земјата се покажува како многу поголем потфат отколку што првично очекувал.  

„Го кажувам ова и самокритички – оваа задача е поголема отколку што едниот или други можеби замислуваа пред една година“, рече Мерц во говорот во северниот германски град Оснабрик во саботата. „Не сме само во период на економска слабост, туку сме во структурна криза на нашата економија“.

Европскиот индустриски гигант и најголем извозник се бори со постојано високи трошоци за енергија по руската инвазија на Украина и превирањата околу американските трговски тарифи. Податоците објавени во петокот покажаа дека германската економија се намалила во вториот квартал за повеќе од првично проценетото.

„Најдоцна до крај на неделаѕа, никој не треба да има илузии за тоа колку се длабоки и далекусежни предизвиците со кои се соочуваме“, им рече Мерц на членовите на неговата партија Христијанско-демократска унија во Долна Саксонија, матичната покраина на производителот на автомобили од марката „Фолксваген“.

Тој го посочи падот од 36 отсто на заработката на „Фолксваген“ по оданочувањето во вториот квартал како само „една од многуте пораки“.

„Големи делови од нашата економија веќе не се навистина конкурентни и тоа е прашање на ценовна конкурентност“, рече Мерц, без да именува фирми. „Квалитетот е сè уште добар и раководителите на компаниите ги препознаваат овие предизвици. Но, основните услови во Германија едноставно не беа доволно добри во последната деценија.

Мерц пред преземање на функцијата вети сеопфатни реформи насочени кон намалување на бирократијата, модернизирање на инфраструктурата и стимулирање на домашната побарувачка. Неговата влада планира стотици милијарди евра инвестиции за патишта, мостови и вооружени сили за да се зголеми продуктивноста.

Германскиот канцелар дополнително ги истакна новите даночни олеснувања за деловните инвестиции и го повтори своето противење на зголемувањето на даноците за средните компании.

Тој, исто така, призна дека американските царини од 15% за германскиот извоз ќе бидат товар за економијата, иако предупреди дека отворена трговска војна со Вашингтон можеше да биде многу полоша.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе