Вести Македонија Најважни

На болните од канцер им давале несоодветна терапија, тврди обвинителството кое поднесе обвинение против директори и лекари на Онкологија за злоупотребите

Обвинителството поднесе 2 обвиненија за случајот со Клиниката за Онкологија.

Едното обвинение е за финансиско-економското работење на клиниката и е против двајца поранешни дирекори на Онкологија (медицински и органзациски директори). Тие се обвинети за злоупотреба, измама во службата и проневера за службата.

Другото обвинение е за 4 доктори онколози меѓу кои е и поранешниот медицински директор и сите се обвинети за несовесно лекување.

Вештачењата направени во Словенија и Србија ги потврдиле сомнежите за несоодветно давана терапија односно дека пациентите не била лекувани според протоколите за онколошките болести.

Имало и злоупотреби и проневери со скапата биолошка терапија која е наменета за болните од канцер, соопштија обвинителите на прес-конференцијата.

Повеќе информации во Вестите на Телма во 15:30, 18:30, 21:30, на веб страната www.telma.com.mk и на профилите на Телма на социјалните мрежи.

Давале терапија која им ја влошувала состојбата на пациентите болни од канцер- детали за обвиненијата против директорите и лекарите од клиниката за Онкологија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревизија нотира системски слабости во судскиот систем

Kristina Kuzmanovski

Намален прометот од продажба на услугите

Kristina Kuzmanovski

Муцунски во Лондон на средба со шефицата на британската дипломатија Ивет Купер

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе