Ракомет Спорт

Ракометарите со контролата против Србија ја завршуваат првата фаза подготовки за СП 2025

Македонската ракометна репрезентација денеска од 18 часот игра контролен натпревар со Србија во Стара Пазова со што ќе го заокружи првиот дел од подготовките за настап на Светското првенство што во јануари се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе една недела работат напорно во Стара Пазова, Србија, а одиграа и две контролни средби. Македонија ги победи Динамо Панчево и Нови Београд во натпревари кои се играа по 90 минути, односно три полувремиња по 30 минути. Денеска нашиот тим ќе ги одмери силите и со селекцијата на Србија иако првично имаше закажано дуел со Саудиска Арабија.

Македонија утре ќе одработи уште еден утрински тренинг во Стара Пазова, па тимот ќе се врати во Македонија, а селекторот Кирил Лазаров на играчите ќе им даде мал одмор за новогодишните празници. Потоа тренинзите ќе продолжат во Скопје до 7.јануари, кога тимот ќе замине за Хрватска и ќе одигра пријателски дуел со ко-домаќинот на Мундијалот.

Последниот дел од подготовките ги одработи во Вараждин, каде и ги играме натпреварите од групата Д на Светското првенство. Првиот дуел е закажан за 15.јануари против Унгарија, два дена подоцна играме со Холандија, а во последното коло ќе се соочиме и со Гвинеја на 19.јануари. Првите три репрезентации ќе обезбедат место во главната фаза на Мундијалот, а последнопласираната селекција продолжува во Президент купот и ќе разигрува за пласман од 25.место до 32.место.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе