Фредерик Мелер стигна до својата прва победа во кариерата во Светскиот куп во алпско скијање откако денеска триумфираше на супер велеслаломска трка во Бормио, Италија. Скијачките се натпреваруваа во слалом во Земеринг, Австрија, а исто така прва победа во кариерата оствари и младата Зринка Љутиќ од Хрватска.
Мелер, кој на претходните две трки во супер велеслалом беше четврти, денеска беше најбрз во Бормио со време од 1:29,22 минути. Зад Норвежанецот со 20 стотинки послабо време финишираше Винсент Крихмајр од Австрија, а третото место го освои Алексис Монеј од Швајцарија.
Марко Одермат, кој денеска беше петти останува лидер во пласманот во супер велеслалом со 205 бодови, пет повеќе од денешниот победник Мелер. Во генералниот поредок Одермат е исто така прв со 630 бодови, пред Хенрик Кристоферсен со 469. Натпреварувањето во машка конкуренција продолжува на 8 јануари во Мадона ди Кампиљо.
Љутиќ до својата прва победа во кареирата на слаломот во Земеринг дојде со време од 1:43,33 минути во двете трки. Скијачката од Хрватска, која има само 20 години зад себе ги остави Лена Дуер од Германија и Австријката Катарина Линзбергер.
Во слалом води Камил Раст со 255 бодови, пред Лена Дуер со 235, а Љутиќ е трета со 209 бодови. Во генералниот поредок Раст е исто така лидер со 351 бод, пред Љутиќ, која има 334. Скијачките продолжуваат со натпреварите на 4.јануари во Крањска Гора.