Кошарка Спорт

Брансон броеше до 55, Јокиќ и Мареј го водеа Денвер преку Детроит (ВИДЕО)

Во НБА-лигата утринава се одиграа неколку интересни средби, а тројца кошаркари се истакнаа со своите индивидуални постигнувања.

Њујорк ја запиша седмата победа по ред и тоа најмногу благодарение на Џејлен Брансон, кој постигна фантастични 55 поени на гостувањето кај Вашингтон, а славеше со 132-136 по едно продолжение. За Никс одличен натпревар одигра и Карл-Ентони Таунс со 30 поени и 14 скока.

Вториот најдобар индивидуален учинок го имаше Кајри Ирвинг. Тој постигна 46 поени во поразот на Далас од 126-122 на гостувањето кај Портланд. Маверикс беа без суспендираните Наџи Маршал и Пи Џеј Вашингтон, како и без повредениот Лука Дончиќ.

Денвер го победи Детроит со 134-121 и тоа предводени од Никола Јокиќ со 37 поени и Џамал Мареј со 34. Лејкерс и без Леброн Џејмс во составот, кој е болен, го совлада Сакраменто со 132-122 и тоа најмногу благодарение на Ентони Дејвис, кој имаше 36 поени, 15 скока и 8 асистенции.

На останатите дуели:
Шарлот – Оклахома 94-106
Чикаго – Милвоки 116-111
Голден Стејт – Феникс 109-105
Јута – Филаделфија 111-114

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конте потврди: Кварацхелија сака да си замине

Дејан Дејан

Вардар почна со подготовки, Комити го блокираа тренинг-кампот

Дејан Дејан

Клеман најбрз на слаломот во Аделбоден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе