Спорт Фудбал

ПСЖ плаќа 100 милиони евра за нов напаѓач

ПСЖ во летото 2023 година плати 95 милиони евра за да го доведе Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт, но во изминатите 18 месеци францускиот репрезентативец не се прослави со своите игри.

Сега парижаните се подготвени да платат 100 милиони евра за да го доведат Александер Исак од Њукасл. Швеѓанецот сезонава има 10 голови и четири асистенции на 15 натпревари во Премиерлигата и привлекува сериозен интерес од европските гиганти.

Игра за премиерлигашот од летото 2022 година, кога дојде од Реал Сосиедад, а претходно го носеше дресот и на Борусија Дортмунд, Вилјем Тве и АИК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе