Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во должина на Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност.
Информации од ова утро: 21.5.2024 год
Минимална температура (во °C)
8 Попова Шапка, 9 Лазарополе, 10 Маврови Анови, Берово, 11 Крива Паланка, Крушево, 12 Претор, Битола, Струмица, 13 Тетово, Прилеп, Гевгелија, 14 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Дојран, Куманово, Велес, 15 Штип, Виница, Дебар, Кавадарци.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
20 Велес, 12 Скопје-Петровец, 10 Куманово, 2 Пожаране, Маврови Анови, Лазарополе, 1 Крива Паланка.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]