Спорт

Австралиската шампионка сурфаше на бран од делфини

Дваесет и две годишната Габриел Брајан, ја освои првата турнјеа од светскиот шампионат во Западна Австралија ,,Маргарет Ривер Про” во неделата. Во момент на натпреварувањето се случи волшебна глетка, кога хавајската сурферка започна да сурфа на бран од делфини.

Дебитантката Брајан ја победи 18-годишната Соер Линдбалд, со резултат 8,10 на еден бран, осигурувајќи ја победата.

„Јас сум пресреќна што сурфав на бранови кои приредија вакво шоу.  Неверојатно е што јас победив. “, рече Брајан на преносот на Светската лига за сурфање.

Во машка конкуренција, Австралиецот Џек Робинсон го победи двократниот светски шампион Џон Флоренс, кој постигна совршен 10 резултат, во полуфиналето.

На најголемиот бран на денот, Робинсон ја запечати победата со резултат од 9,10, завршувајќи со вкупно 17,27 во финалето, со предност од 1,23 поени пред соперничката Фиренца.

„Тоа беше финалето што го посакував, сакав да вложам се во него. Секогаш е забавно кога сурфам  против Џон. Се надевам ќе имаме уште многу вакви натпревари“, изјави Робинсон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе