Кошарка Спорт

Филаделфија обезбеди плеј-оф, Мајами има уште една шанса против Чикаго (ВИДЕО)

Филаделфија се пласираше во плеј-офот во НБА-лигата, додека Мајами ќе игра против Чикаго за последното место во разигрувањето за титулата.

Филаделфија славеше победа од 105-104 на домашен паркет против Мајами и го обезбеди седмото место на Источната конференција со тоа и пласман во плејофот. Жоел Ембид имаше 23 поени и 15 скока за Сиксерс, кои во првата рунда од разигрувањето ќе се соочат со второпласираниот тим на Истокот, Њујорк.

Мајами има втора шанса за место во плејофот, бидејќи ќе игра уште еден натпревар на домашен паркет и тоа со Чиакго, кој беше подобар од Атланта со 131-116. Коби Вајт имаше натпревар на кариерата со 41 поен ги предводеше Булс. Никола Вучевиќ имаше 24 поени и 12 скока, а Демар Дерозан 22 поени. Дежонте Мареј со 30 поени најмногу се истакна кај Хоукс.

Последниот натпревар од плеј-инт турнирот Мајами и Чикаго го играат во сабота во 1 часот наутро.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе