Кошарка Спорт

Вембањама делеше „банани“, но Јокиќ и Денвер славеа (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со 42 поени и 16 скока го водеше Денвер до победа против Сан Антонио од 110-105. Одлично се претстави и фантастичниот руки, Виктор Вембањама во редовите на Спарс, кој имаше 23 поени, 15 скока, осум асистенции и девет блока. Со оваа победа Денвер го презема врвот во Западната конференција по поразот на Оклахома кај Филаделфија утринава.

Лука Дончиќ дојде до својот 20-ти трипл-дабл сезонава против Голден Стејт, но Далас загуби со 104-100. Словенецот имаше 30 поени, 12 скока и 11 асистенции. Ендру Вигинс со 23 поени најмногу се истакна кај домашиот тим.

Лејкерс славеа на гостувањето кај Торонто со 128-111, Милвоки изненадувачки загуби кај Вашингтон со 117-113, Сакраменто го доби калифорниското дерби против Клиперс со 109-95, а победи остварија и Кливленд, Минесота и Мајами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе