Спорт Фудбал

Тренерска вртелешка во Работнички: Седлоски сменет, Станиќ нов предводник

Фудбалскиот клуб Работнички направи нова промена во стручниот штаб сезонава по серијата лоши резултати. Гоце Седлоски заминува од клупата, а на негово место доаѓа Горан Станиќ.

„Романтичарите“ денеска го назначија третиот тренер сезонава. Слабите резултати придонесоа за тренерска вртелешка во Дебар Маало. Сезоната ја почна Милан Илиевски, па на негово место на клупата седна Гоце Седлоски. По четирите порази во низа, челниците на Работнички решија спогодбено да го раскинат договорот со поранешниот македонски репрезентативец и на негово место го назначија Горан Станиќ.

Поранешниот селектор во младинските репрезентации на Македонија сезонава веќе го водеше Работнички на два натпревари како привремен тренер по отказот на Милан Илиевски, кога тимот оствари и две победи против Македонија Ѓорче Петров и Силекс.

Сега тој целосно ја презема работата со првиот тим, а дел од стручниот штаб на Станиќ ќе бидат и Бојан Марковски и Баже Лазаревски.

Работнички моментално се наоѓа на осмата позиција на табелата во Првата лига со 27 бодови, само пет повеќе од последнопласираната Македонија Ѓорче Петров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе