Спорт Фудбал

Почнуваат полуфиналните пресметки во фудбалскиот Куп

Денеска се игра првиот полуфинален натпревар во фудбалскиот Куп на Македонија. Титулата ја брани Македонија Ѓорче Петров.

Денеска Шкупи го пречекува Тиквеш на стадионот „Чаир“ во Скопје, додека утре Македонија Ѓорче Петров гостува кај Воска. „Лавовите“ како актуелни бранителите на пехарот имаат доста проблеми сезонава, бидејќи се на последното место на табелата во Првата лига, но изминатите години се покажаа како вистински Куп-експерти. Македонија Ѓорче Петров играше три од последните четири финалиња во Купот и освои два трофеи по ред, лани против Струга и преклани против Силекс.

ФУДБАЛ КУП НА МАКЕДОНИЈА
(ПОЛУФИНАЛЕ)

ДЕНЕСКА, 15 ЧАСОТ
ШКУПИ – ТИКВЕШ

УТРЕ, 15 ЧАСОТ
ВОСКА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Реванш полуфиналните натпревари се играат за две недели.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе