Ракомет Спорт

Македонските ракометарки веќе утре можат да обезбедат пласман на ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација утре гостува кај Азербејџан во претпоследниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство оваа година што ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Нашите девојки се многу близу до пласман на континенталниот турнир, а за такво нешто прво е потребна победа во Баку.

На првата средба во квалификациите во Скопје, Македонија славеше убедлива победа од 40-17 против Азербејџан. Утре треба да го потврдиме квалитетот и со победа ќе бидеме речиси пласирани на Европското првенство. Нешто подоцна потоа ќе играат Литванија и Шпанија,  а „фуријата“ не би требало да има проблеми да слави на гостински терен, па и математички ќе обезбедиме европска виза. Последниот дуел со Литванија во Скопје ќе биде само формалност.

Во 2022 година Македонија се врати на Европските првенства по шести пат, но како ко-домаќин заедно со Црна Гора и Словенија и важно е да се напомене дека не играше квалификации.

Утре против Азербејџан играме од 15 часот во Баку, додека ја пречекуваме Литванија во Скопје во арената „Борис Трајковски“ во недела со почеток од 18 часот, а влезот за сите љубители на ракометот ќе биде бесплатен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошаркарките немаа сили ниту за достоинствен пораз од Украина

Дејан Дејан

Крејчикова ја совлада Гоф за полуфинале во Ријад, Швјонтек испадна

Дејан Дејан

Илиоски со нокаут против грчки кикбоксер до финалето на ЕП во Атина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе