Кошарка Спорт

Бостон реди победи, Денвер славеше без Јокиќ и Мареј (ВИДЕО)

Бостон продолжува да реди победи и стигна до деветтата во низа откако славеше на гости кај Чикаго со 124-113. Џејсон Тејтум постигна 26 поени за Селтикс, а Сем Хаузер и Ал Хорфорд имаа по 22. Гостите иако беа без Кристапс Порцингис и Џејлен Браун немаа проблеми да запишат нов триумф.

И Денвер беше без својот тандем Никола Јокиќ и Џамал Мареј, но тоа не беше пречка шампионот да победи во Портланд со 114-111. Реџи Џексон имаше 23 поени, а Арон Гордон 22 поени и 12 скока за Нагетс.

Хјустон е еден од тимовите во најдобра форма и утринава го запиша осмиот триумф по ред со 147-109 против Јута. Џејлен Грин имаше 41 поен, а Фред ван Влит имаше 34 за Рокетс, кои прават силен атак на местата кои водат во плеј-ин турнирот.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Њујорк – Бруклин 105-93
Орландо – Сакраменто 107-109
Атланта – Шарлот 132-91
Сан Антонио – Феникс 106-131
Вашингтон – Торонто 112-109

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица

Дејан Дејан

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе