Спорт Формула 1

Ферстапен најдобар во квалификациите во Австралија, Перез доби казна од три позиции

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Австралија во Формула 1 шампионатот. Карлос Сајнц имаше фантастичен настап во квалификациите иако пред две недели имаше операција, а казна заработи Серхио Перез.

Ферстапен ја продолжува доминацијата што веќе трае три години, па денеска на патеката „Алберт Парк“ во квалификациите оствари најбрз круг со време од 1:15,915 минути. Второ време имаше Карлос Сајнц од Ферари иако пред две недели имаше операција на слепо црево и беше под знак прашалник дали ќе биде фит да настапи во Австралија. Трето време оствари Серхио Перез, но возачот на Ред Бул доби казна од три позиции поради попречување на Нико Хулкенберг во првата квалификациска сесија и ќе стартува како шести.

Пред него ќе тргнат Ландо Норис, Шарл Леклер и Оскар Пиастри. Најдобрите десетмина ги комплетираат Џорџ Расел, Јуки Цунода, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, додека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ќе тргне од 11-тото место.

Трката за Големата награда на Австралија утре стартува во пет часот наутро по средноевропско време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Серена и Венус Вилијамс добија вајлд-карта за Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе