Кошарка Спорт

Пелистер во последниот период ја испушти победата против Подгорица

Кошаркарите на Пелистер загубија од Подгорица со 86-81 и сериозно си ги намалија шансите за пласман во плејофот во рамки на АБА2-лигата Битолчани го контролираа натпреварот се до последната четвртина кога дозволија голем пресврт на противникот.

Пелистер играше одлично три четвртини и имаше постојано водство, а во последниот период влезе со +12. Подгорица резултатски ги доби последните 10 минути со 28-15 и успеа да дојде до победа од 86-81 со која само ја зацврстија својата позиција во плејофот.

Македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко одигра одличен натпревар со 24 поени и 10 скока, а Јуре Планиниќ имаше 19 поени ви битолскиот состав.

Во последното 13.коло од регуларниот дел од сезоната на турнирот во Широки Брег, Пелистер во сабота мора да го победи лидерот Спартак Суботица ако сака пласман во плејофот. Битолчани можат да одат понатаму и со пораз, но само ако загубат и останатите два тима со кој го дели истиот ефект од пет победи и седум порази, а тоа се Хелиос Домжале и Борац Бања Лука. Пелистер во меѓусебен дуел ги победи овие два тима, па во случај на идентичен број бодови помеѓу трите екипи, нашиот тим ќе го освои осмото место што води во разигрувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе