Спорт Фудбал

Повторно Реал Мадрид против Манчестер сити во ЛШ, Барса ќе се соочи со ПСЖ

Реал Мадрид и Манчестер сити по петти пат ќе се соочат меѓусебе во елиминациите во Лигата на шампиони, а трета сезона по ред. Откако лани Сити го елиминираше кралскиот тим во полуфиналето на патот до шампионската титула, тоа го направи и Реал една година претходно во истата фаза. Оваа сезона двата гиганти ќе се соочат во четвртфиналето.

ФУДБАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
(ЧЕТВРТФИНАЛЕ)

РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР СИТИ
АРСЕНАЛ – БАЕРН МИНХЕН
ПСЖ – БАРСЕЛОНА
АТЛЕТИКО М. – БОРУСИЈА Д.

Првите натпревари се играат на 9-ти и 10-ти април, додека реваншите се една недела подоцна.

Во полуфиналето, победникот од дуелот помеѓу ПСЖ и Барселона ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Атлетико и Борусија, додека победникот од Реал против Сити ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Арсенал и Баерн.

Големото финале е на 1.јуни во Лондон на стадионот „Вембли“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица

Дејан Дејан

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе