Кошарка Спорт

МЗТ обвинува за физички напад, Чаир демантира инцидент

Дербито на 20.коло во Првата македонска кошаркарска лига помеѓу Чаир и МЗТ Скопје синоќа не го дочека крајот во спортската сала „Шабан Трстена“. Гостите не сакаа да излезат да го доиграат второто полувреме поради физички напад на нивната екипа во соблекувалната. Од таборот на Чаир ги нарекоа овие обвинувања како чисти измислици.

Македонскиот шампион одби да излезе на паркетот во второто полувреме, бидејќи неофицијални лица влегле во соблекувалната и нападнале дел од стручниот штаб и играчите. Плашејќи се за својата безбедност, „металците“ не сакале да го доиграат натпреварот, кој на полувремето гласеше со резултат 42-44. Обвинувањата на МЗТ, денеска ги демантираше домаќинот Чаир.

Од таборот на овој тим велат дека немало никаков инцидент за време на натпреварот.

„Што се однесува до информациите и лагите кои кружат, ние комплетно ги негираме со факти, бидејќи целиот натпревар се снима од сите агли и од повеќе медиуми и исто така од повеќе камери. ‘Таканаречениот’ инцидент е измислен од противничкиот табор и секогаш кога ги чека пораз, измислуваат работи што не се точни. Гарантираме дека немаше никакво физички контакт во ниту еден моменти, од приемот на екипата, за време на натпреварот и по завршувањето на истиот“, се вели во соопштението на Чаир објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Се очекува во текот на денот и Кошаркарската федерација да излезе со подетални информации околу инцидентот. Ова не е прв сериозен инцидент на кошаркарскиот клуб Чаир, бидејќи и минатата натпреварувачка сезона беше нападнат кошаркар на Работнички, па клубот доби суспензија од 10 натпревари без присуство на публика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе