Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува умерен, а во должина на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). утринската температура ќе се движи во интервал од -4 до 2, а дневната од 4 до 12 степени
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец.
Информации од ова утро: 2.2.2024
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-11 Берово, -9 Демир Капија, -8 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Струмица, Гевгелија, -7 Штип, Кавадарци, -6 Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Крива Паланка, -5 Претор, Дебар, Куманово, -4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Виница, Дојран, -2 Крушево, -1 Попова Шапка.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во cm)
11 Маврови Анови, 4 Попова Шапка, 1 Тополчани.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo
