Во поголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Информации од ова утро: 17.1.2024
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-6 Скопје-Петровец, -5 Берово, Велес, -4 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Кавадарци, Демир Капија, Штип, Битола, -3 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, -2 Струмица, Попова Шапка, -1 Виница, 1 Дебар, Охрид, 2 Гевгелија, 4 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
3 Крушево, 1 Маврово, Попова Шапка.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во cm)
7 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo
