Вести Економија Топ вести

Жалби и претставки за ХЕЦ Чебрен, ќе се реализира ли овој пат деценискиот проект?

По жалбата од грчката фирма, со која Владата треба да го потпише договорот за изградба на ХЕЦ Чебрен, утрово до неколку институции стигна и претставка од група инженери, со која бараат да се стопира процесот.  Документот е  доставен до Уставниот суд,  државно правобранителство, до комисијата за спречување на корупција, заводот за ревизија, Јавното обвинителство и Бирото за јавни набавки. Се сомневаат дека со повикот за доделување на концесија за користење на водите за производство на струја со изградба на централата на Црна Река има бројни  недостатоци. Очекуваат надлежните да го стопираат процесот се додека не се истражат овие сомнежи. Вицепремиерот Битиќи пак вели во проектот на кој се работело три години, учествувале сите стурчни лица кои требале да бидат дел од него. Рокот пак за  потпишување на договорот за формирање заедничко друштво за вложување истекува утре, но нема да се потпише.

-Утре нема да се потпишува ништо, донесена е одлука со која се затвора процесот на тендерирање и сега има одлука дека тендерот  бил успешен и постапката е во меѓусебното договарање, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи

Виктор Андонов, поранешниот советник за енергетика во Владата, кој учествуваше и во дебатите на дел од експертите кои сметаат дека проектот треба да се стопира, рече дека сега се на потег се институциите, до кој се доставени забелешките од инженерите.

Грчката компанија која треба да го гради Чебрен, ќе ја добие и ХЕЦ Тиквеш,. Пред извесно време пак ЕСМ ангажираше и консултант кој треба да изготви и студија за работата на Блок 1 во РЕК која треба да покаже како е најдобро овој блок да биде одржуван. Дали ќе оди во рацете на приватен оператор? Студијата не е готова, но Андонов тврди дека нема да се продава и изнајмува.

– Се анализира дали е исплатливо, но продажба и изнајмување нема да има. Студијата не е завршена и ќе ја разгледаме кога ќе биде готова и кој чекор ќе го направи ЕСМ. Кога се прави студија мора да ги разгледувате сите можности кои се достапни, вели Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ.

Дел од експертите веќе извесен период бараат државата да го стопира процесот за Чебрен и да остане во рацете на домашните стручни лица, а енергетскиот имот во земјава  да не се раздава.

Грчкиот инвеститор  пак поднесе жалба, затоа што условите во јавниот повик не биле исти со оние во одлуката на Владата. Таа се уште се разгледува, па од тука се поставува прашањето дали со тоа ќе се одолговлечи процесот.

Хидроцентралата Чебрен е децениски проект. Досега имало 13 неуспешни тендери за избор на инвеститор, во последните 20 години.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе