Вести Економија Топ вести

Како ќе се финансираат Коридорите и Бехтел и Енка, за Кичево-Охрид уште нема одлука

Речиси 250 милиони евра односно 4,8% од целиот државниот буџет догодина ќе оди за изградбата на Коридорите 8 и 10Д, а од владата тврдат дека за тоа нема да се земаат нови кредити и заеми.

Финансирањето ќе оди само преку буџетот кој е планиран на 5 и пол милијарди евра со половина милијарда евра дефицит и без заеми, тврди министерот за финансии Бесими.

На прашањето дали владата веќе поминила предлог закон за заем за коридорите, Бочварски се задржа само на буџетските пари.

Владата во меѓувреме поради планираниот буџетски дефицит, планира и заеми за ликвидност на буџетот, па сомнежот е дека дел од тие пари од кредити за ликвидност ќе завршат и за исплата на ратите на „Бехтел и Енка“. Но, министрите тврдат дека финанисрањето е само буџетско без посебни заеми за Коридорите.

Министерот Бочварски потврди дека е завршена експертската анализа на пропустите кои доведоа до нови свлечишта при изградба на патот Кичево -Охрид. За седум до десет дена ќе се знае како ќе се одвива тој проект и дали е можно да се пуштат за употреба определени веќе завршени делници од патот.

Крајниот рок за изградба до Нова Година ќе биде пробиен, а Бочварски убедува дека тој ќе биде готов и пуштен.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе