Вести Економија Топ вести

Околу 30 милиони евра годишно би се собрале од новата давачка во сметките за струја “Пристап до мрежа”

Околу 30 милиони евра годишно ќе се соберат од новата давачка за Пристап до мрежа која ќе чини  три до четири евра. Ова е грубата пресметка на дел од енергетичарите по најавата на првиот регулатор Бислимовски дека во сметката за струја, домаќинствата ќе имаат нова ставка за плаќање. Професорот Туневски вели дека давачката од технички аспект можеби е оправдана, но  парите наместо во државните енергетски компании како ЕСМ и МEПСО, ќе завршат  во приватна фирма.

„Треба државните фирми да имаат поголем удел во сметката за струја. Треба да се направи добра анализа колку дистрибуцијата, колку преносот, колку производството учествува во цената кај нас се плашам дека тој однос е на страна на дистрибуцијата, а на штета на производството и преносот“, вели Атанаско Туневски, универзитетски професор

Според Туневски, ЕСМ има високи трошоци за производство на струја, увезува и јаглен, а и електрична енергија за да може да му испорача на Универзалниот снабдувач онолку колку што има потреба. Тој трошок треба да се покрие, а во моментов тоа се прави со сериозни пари од буџетот кој го полнат граѓаните. Се префрлаат средства за да може ЕСМ да продава мегават од 53 евра и сега од 57 евра, кога на берза чини околу 100 евра.

„Некој ќе рече вие свесно го уништувате блокот со депресирана цена за еден ден да го дадете на некој да го работи. Тоа е како да не ја поправате колата и потоа ќе ја продадете за едно евро. Домаќин човек тоа не го прави“, додава Туневски.

Според Бислимовски, со новата давачка за пристап до мрежата, ќе се воведе правичност, затоа што не е во ред оние кои постојано ја користат мрежата, да плаќаат исто со оние кои тоа го прават ретко, како на пример во викендиците. Уверува дека таа нема да направи ценовен шок, а најверојатно ќе се намали  и мрежарината.

Новата цена на струјата треба да се знае до крајот на годинава. Утре РКЕ ќе соопшти што од барањата на МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, е прифатено, а што не. А дали и за колку би поскапела струјата, денови треба да соопшти ЕВН Хоум, но претходно одлуката ќе помине на контрола кај регулаторите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе