Вести Македонија

Нема потврда дека трагата на исчезнатата Вања се губи кај „Силбо„

Вања излегла од дома утрото на 27-ми ноември во 07:27 минути од станот кој се наоѓа во Дебар Маало на улицата „Наум Наумовски – Борче“. Од таму се упатила до нејзиното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во 11 часот нејзиното исчезнување го пријавил таткото во полициската станица „Беко“, односно Центар. Претходно мајката во 08:35 пријавила на полиција дека детето ѝ е исчезнато.

Тука е сочинет веднаш записникот од страна на Одделот за потраги и од полициските службеници и е распишан веднаш локален распис по стапување со излегување на лице место, пребарување на терен, извршен разговор со родителите на детето и започнуваат проверка на терен, вели Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

Но, министерот тврди дека не постои никаква потврда дека трагата на 14 годишната Вања се губи пред пекарата „Силбо“, или кафулето „Броз“.

Значи не е така. Ниту има можност за таква потврда, врз основа на она што е извадено од камери коишто ги имаме. Така во овој дел ќе преземеме и понатаму интензивни активности, бидејќи на целата територија на Скопје веќе се преземени, не само на подрачјето на Центар, туку Карпош, Ѓорче Петров, Битпазар. Првично беа вклучени само Центар и Битпазар, првиот момент за тој дел, тој простор каде што е можно да се наоѓа девојчето да бидат пребарани, рече Спасовски.

Тој претходно изјави дека преку 50 камери, односно места каде што имало камери, се преземени и прегледани а целосно е во функција системот „Safe city“ во кој што исто така се преземаат низа мерки.

Десетици и десетици лица кои што се сослушани и од кои што се земени информации и податоци за да може да се добијат некакви информации во однос на целиот овој настан. Преземени се електронски уреди од семејството и од девојчето кои што се вештачат. Еден дел се земени податоци. Веќе имаме одредени податоци од овие електронски уреди. Исто така кои што можат да бидат од корист на истрагата и целата оваа постапка, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Пребарувано е и речното корито на Вардар, како и подрумски  простории не само во околината туку и пошироко.

Се работеше на пребарување, односно добивање на податоци на информации од црквите, манастирите кои што се во близина на Скопје. Така да една опсежна активност и тука нема да се застане. Значи интензивно работиме, им изјави претпладнево Спасовски на новинарите.

Петти ден се трага по Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот утрината откако го напуштила нејзиниот дом и требало да се упати кон нејзиното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во центарот на градот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Студентските протести „ќе влезат во историјата на срамот“ како највалканата обоена револуција

Дејан Дејан

Српските студенти со огромен протест во Крагуевац

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе