Вести Економија Најважни

МЕПСО доби фактура на 700.000 евра за влечење на струја од европската мрежа во февруари

Околу 700.000 евра чини влечењето на струјата од европската мрежа кое беше напрaвено во минатиот месец. Фактурата стигна во МЕПСО. Од преносниот систем за Телма соопштуваат дека долгот кој треба да се плати е помал од оној за јанаури, но и во споредба со иситот перид од минатата година.

„Напоменуваме дека овие средства, преку функционирањето на балансниот механизам, АД МЕПСО ќе ги наплати од балансно одговорните страни кои ги направиле отстапувањата во ЕЕС“, велат од МЕПСО.

Минатиот месец, со првите пониски минусни температури, земјава повторно се сврте кон струјата од европската мрежа. Во услови кога сите енергетски капацитети беа на мрежа, беа повлечени 1.700 мегавати. Речиси половина, или 820 мегавати, беа за потребите на ЕСМ, останатите за друтите снабдувачи кои се на отворен пазар.

Сепак МЕПСО сè уште не може да ги наплати долговите од трговците со струја за кои се влечеа количини од европската мрежа минатата година. Трите фирми, „Мист Енерџи“, „Енергија гас“ и „Повер и У Повер“ направија милионски долгови кои со месеци не можат да се вратат во касата на преносниот систем.

Најголем долг има „У Повер“, компанија на синот на поранешниот вицепремеир, Муса Џафери. За овие фирми покренати се и судски постапки. Но, според информации на Телма, со месеци не може да се извлечат средства од нив, затоа што приливи нема. Со ова се отвора прашањето дали МЕПСО воопшто ќе може да го наплати милионскиот долг од овие компании за повлечената струја.

Сите три фирми добија и забрана за тргување со струја, но некои најдоа начин и повторно се вратија во игра. Тоа се случи со „Мист Енерџи“. Формираше нова компанија со име „Мист Енерџи Еко ДООЕЛ“ и повторно се врати на пазарот.

Инаку, трговците со струја за да не плаќаат електрична енергија по далеку повисока цена, ја користеа балансираната од МЕПСО, која, пак, ја влечеше од европската мрежа и се доведе во ситуација да добие опомена и можност да се плаќаат пенали.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе