Вести Економија

Ревизорите се сомневаат во вистиноста на извештаите на Министерството за финансии

Државниот завод за ревизија изрази резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Министерството за финансии за 2021 година. Забелешки има и на пописот на средства и земјиште, и на недостигот на евиденција.

„Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар, како и во делот на усогласување на фактички утврдената состојба со сметководствена евиденција на средствата“, наведуваат од ДЗР.

Ревизорите констатирале дека е извршено осигурување на дел од недвижниот имот и опрема со кои располага МФ, но земјиштето како и дел од објектите за кое МФ има стекнато право на трајно користење, не се сметководствено евидентирани.

35 објекти за кои Министерството имало обезбедено имотни листови, сметководствено биле евидентирани без вредност, поради необезбедена документација за утврдување на вредноста, пописот на средствата, побарувањата и обврските не е целосно извршен, а во дел од постапките за јавни набавки, предметот на набавка не е утврден како делив заради обезбедување на целосна конкуренција.

Ревизорите истакнуваат дека постои потреба од усогласување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со закони кои го регулираат основањето на државни органи и институции. Исто така нотираат дека во тек е постапка на донесување Предлог закон за вработените во јавниот сектор во кој е утврдена висината на платата на посебните советници во одделните институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија

Дејан Дејан

Уште пет дена кампања пред двојните избори на 8ми мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе