Вести Економија

Ковачевски по шпекулациите за негова смена: Нема промени во ЕСМ

Повеќе извори на Телма тврдат дека деновиве ќе се реализира смена на генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски кого на највисоката позиција во Државните електрани би го сменил Васко Стефанов, директор во Пошти и поранешен директор на АД Водостопанство.

Изворите на Телма од ЕСМ, смена ќе има и на директорската позиција за производство на електрична енергија каде во моментот функцијата ја врши Благојче Трповски, а во тек се процедурите за смена. Слични сознанија за Телма потврдија и извори од владата и државните институции кои се надлежни за енергетскиот сектор.

Од друга страна Ковачевски во краток одговор до Телма кратко негираше.

-Нема смени во ЕСМ, ни одговори во порака на прашањето за сознанијата за негова смена.

Васко Ковачевски беше назначен за директор на АД ЕСМ на 23.07.2019. година. Надзорниот одбор на седница го избра Ковачевски и му додели 4-годишен мандат.

Владата, министерот за економија Крешник Бектеши, но и самиот генерален директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во јавни настапи од почетокот на годината соопштуваа дека ЕСМ има зголемено производство на домашна струја наменета за домаќинствата, па дури тврдеа дека се поставени и дневни рекорди во производство.

Од друга страна, ЕСМ го презеде управувањето и со скопскиот систем за топлификација. Во изминатите неколку месеци Телма објави повеќе новинарски истражувања за набавка на гас за топлификација од бугарската фирма Балкан Јутилитис, како и за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино од РКМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе