Вести Економија Македонија Најважни

(Видео) Донесена одлука за замрзнување на цените на оризот и јајцата, која ќе важи до 30 април

Владата донесе одлука за замрзнување на цените на оризот и јајцата во следниот период.

„Јајцата ќе останат со истите цени кои биле актуелни од 15 март, и ќе важат до 30 април 2023 година. Во изминатиот период утврдивме значајно зголемување на цените на јајцата, а пред празниците Велигден и Бајрам, производителите најмалку 70% ќе ги пласираат на домашниот пазар, рече премиерот Ковачевски.

Тој истакна дека мерки не се донесени произволно, туку се аргументирани врз факти и анализи.

„Ги следиме и натаму случувањата на нашите и на светските пазари, и како Влада ќе реагираме на цените, за да не се одрази на семејниот буџет на граѓаните“, рече Ковачевски.

Тој истакна дека владата нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните, а со ова се спречува зголемување на цените на продуктите пред празниците.

„Просечната цена на јајцата е околу 8,5 денари и најскапото може да оди до 9,8 денари од јајце. Зависи од пакувањето и амбалажата, во зависност од компаниите во делот на трошоците што ги имаат. Многу е важно да се наведе фактот дека е зголемена побарувачката за производство на јајца од нашата држава, а бараат и нашите соседи, каде што цените се од 14 центи до 20 центи и нагоре. Што значи дека ако се дозволи целосен извоз, повеќето ќе го пренасочат производство до соседите. Дополнително, како одлука е ограничувањето во извозот, каде што 70 отсто од целото производство или пласман што го имале во јануари и февруари да ги снабдуваат синџирите маркети, а да нема недостиг на овој производ за сите граѓани, ниту зголемување на цената како притисок однадвор“, рече Бектеши.

За вестите на Телма во 15.30 се јави Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе