Вести Македонија

Во нападот во Чаршијата е убиен Кривањева врз чие друштво пред 4 години беше пукано во Александар Палас

Според информации на Телма двајцата убиени во нападот во бар во Старата скопска Чаршија се Јетон Кривањева и Енес Исени. Двајцата им подлегнале на повредите на местото на злосторството.

Неколку вооружени лица пришле на жртвите и почнале да пукаат во нив по што избегале вечерва околу 20:11 часот.

Во нападот е рането уште едно лице кое било во друштво на убиените.

Кривањева според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година.

Тогаш маскирани напаѓачи стрелаа кон групата во која беа и Камер Идризи и Јетон Кривањева. Поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите кои се од скопско Грчец. Полицискиот службеник пукал во напаѓачите во самоодбрана, а немаше сериозно повредени. Случајот не беше расветлен.

Во 2021-ва во Бутел беше убиен Камер Идризи додека се движел со автомобил, а во него било пукано од друго возило во движење. Тоа убиство не е расветлено.

Денеска пак е убиен Кривањева, а настрада и Исени кој бил во негова придружба во угостителски објект. МВР засега не дава информации дали имало и други гости во локалот каде се случил оружениот напад.

Полицијата со први детали за двојното убиство во скопската чаршија, има и еден ранет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расте бројот на загинати во Венецуела, повеќе од 50 000 луѓе се пријавени за исчезнати

Дејан Дејан

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе