Вести Македонија Најважни

Спасовски тврди дека дојавите за бомби доаѓаат од VPN адреси во Иран и Русија, но и од Македонија

Прекините на наставата при дојави за поставени бомби во училиштата одат  во историја.

Антитерористичките тимови во иднина при дојави ќе ги проверуваат училиштата додека трае наставата, а гаранција за безбедноста на учениците, наставниците и техничкиот персонал во училиштата се новите протоколи кои започнаа да се применуваат од трети март.

Отворен само главниот влез на училиштето, забрана за влегување на родителите во него, со можност децата да ги оставаат или земаат од училишните дворови и проверка на училиштето при негово отворање и затворање од техничкиот персонал и од чуварот, се дел од новите протоколи за безбедност при хибридни напади.

Новите протоколи по примерот на светските, ја зголемуваат безбедноста во училиштето, особено поради вклученоста на полицијата, вели директорката на „ Јан Амос Коменски“.

„Тоа е лице  кое што е определено  од полициската станица Карпош, кое во тек на работното време од 08 до 15 часот ќе биде присутно во училишниот двор или во близина на училишниот двор“ – вели Маја Ставорва, директорка во ОУ „Јан Амос Коменски“

Новите протоколи делумно се поклопуваат со воведените од периодот на корона кризита и се вклучени во Плановите за постапување при закани за поставени бомби, велат од училиштето „ Петар Поп Арсов“.

„Значи заклучно со почетокот на ковид кризата училишните врати беа затворени за родители и за лица кои не се на некој начин поврзани со работата на училиштето. Ќе продолжиме така“ – тврди Данијела Штерјова, в .д. директорка на ОУ „ Петар Поп Арсов“

Штерјова сепак признава дека онлајн наставата како опција, но и безбедносните протоколи, го усложнуваат воспитно – образовниот процес и би била најсреќна да се откријат лицата кои по интернет испраќаат закани за поставени бомби во училиштата.

Според форензичките испитување од МВР, за заканите од последниве денови, дојавите доаѓале преку VPN адреси, но почетните се појавуваат во Иран и Русија. VPN конекциите се платени во крипто- валити што дополнително ја усложнува постапката за откривање на точниот извршител, вели министерот за внатрешни работи.

„Меѓутоа , морам да кажам дека имаме веќе изолирано во истражната постапка одредени сознанија за луѓе кои што тоа го правеле и од територијата на Република Северна Македонија. Таа истрага е во напредна фаза и кога за тоа ќе дојде моментот ќе информираме секако во јавноста“ – додава Спасовски.

За три откриени случаи, МВР поднесени пријави за теротизам за малолетник од Скопје и за две лица од Кавадарци и Тетово.

Но, „КОД“ вчера објави дека Обвинителството ја отфрлило пријавата за малолетникот, со образложение дека немало доволно докази, иако од МВР рекоа дека тој го признал делото.

Другите две пријави се префрлени во пониски обвинителства затоа што „Организиран криминал“ оценил дека нема тероризам во лажните закани. Министерот рече дека за тоа треба да објасни Обвинителството, а тој смета дека секоја закана за поставена бомба е тероризам.

Министерката за труд и социјална политика кажа дека и до градинките се испратени насоки, како да се постапува и како да се заштитат , во случај на добиени закани за бомби.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црвен картон на локалните ќе значи предвремени парламентарни избори

Дејан Дејан

На ден пред да достави понуда за нова цена, ЕСМ со повик за набавка на струја за до крајот на месецов

Дејан Дејан

Силна експлозија во Ќерамидница, жолта полициска лента и крим-техника на местото – обид за ликвидација на Раде Трајковски – Штекли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе