Вести Економија Македонија Најважни

Клучот на договорот за размена гас за струја со Србија лежи во „Гаспром“

Владата преку законите за енергетика и за управување со кризи го трасира патот по кој ќе обезбеди контрола врз производството на топлинска енергија но останува нејасно дали оваа година скопјани ќе се греат на мазут или на гас. Двете топлани – „Исток“ и „Запад“ може да работат на мазут но не и централата  на „ТЕ-ТО“ која работи исклучиво на гас и чии залихи се исцрпуваат на крајот на овој месец.

Премиерот Ковачевски потврди дека успехот на планираната размена со Србија, гас за струја, е условена од договор со Гаспром кој е сопственик на интерконкторот од гасоводот преку кој би се испорачал енергенсот во Македонија.

Она што е јасно е дека и „ТЕ-ТО“ и „БЕГ“ и „АДОРА“ ќе мора да ги стават своите капацитети во погон под капата на ЕСМ. Тоа го овозможува член 6 од законот за енергертика каде јасно стои дека секоја компанија која врши енергетска дејност мора да извршува јавна услуга доколку Владата го побара тоа и имаат право на паричен надомест. Втора опција е членот 33 од законот за управување со кризи.

Од ТЕ-ТО велат дека доколку и се наложиу таа обврска ќе ја испочитуваат но додаваат дека оечкуваат Владата да им го исплати 37 милиони евра колку што е загубата која ја претрпеле продавајќи струја на државата по фиксна цена од 170 односно 190 евра.

  • Е-ТО е подготвена да разгледа секаков предлог за соработка, кој е заснован на принципите на економска оправданост и конкурентност. Имено ТЕ-ТО како ниедна друга компанија во Македонија ја помогна државата во енергетската криза и досега претпе штета од 37 милиони евра на име загуба и изгубена добивка. Затоа сметаме дека државата исто така треба да се погрижи да ја обештети ТЕ-ТО за веќе претрпените штети. ТЕ-ТО е подготвена да ги почитува сите законски обврски, препораките на Европската Комисија и на Енергетската заедница за справување со кризи, како и да се бори на слободниот пазар за да го задржи производството, но во сите случаи соработката мора да биде економски оправдана.

Од „Адора“ кои инстираат продажба на топланите, не добивме став.

Она што останува нејасно е за колкава количина на гас се преговара и по која цена би била набавката како и која е цената по која ќе се продава струјата на Србија како дел од размената , дали има поместување во разговорите со Бугарија за испорака на струја, дали е доставена понбудата од турски „Боташ“ за испорака на гас и струја.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе