Невозможно е Србија да го препродава гасот за Македонија за кој веќе има склучено договор со Гаспром, вели за Телма Митко Андреевски, консултат за енергетика.
Зачудува денешната пресконференција, не на министерот за економија, не на вицепремиерот задолжен за економски прашања во владата, не на премиерот, туку на соработник во канцеларијата на преседателот на владата, дека Македонија ќе купува гас од Србија. Тоа е невозможно, ако се има во предвид каков е договорот меѓу Србија и Гаспром. Експлицитно, не само за Србија, не само за Македонија, или за Бугарија, или Турција, Гаспром експлицитно бара предмет на неговите доставувања на природен гас во конкретните земји да не биде препродаван кон трети. Како прво они тоа не можат да го направат ни кон Република Српска, а камо ли во Македонија, да стане збор за купопродажба. На тоа силно ќе реагира Гаспром, и јас очекувам дека то тоа нема да дојде, вели Андреевски.
Според него, случајот само го покажува незнаењето на основите на договорот помеѓу двете земји. Андреевски потенцира дека ова би можело да функционира само во случај на размена на енергенси, да се земе природен гас за возврат на достава на електрична енергија.
