Вести Економија Македонија Најважни

Речиси 18 милиони евра доби ЕСМ од Владата за да може да купува гас, но ќе мора да се постигне  договор со Адора за топланите Исток и Запад

Речиси 18 милиони евра  доби ЕСМ од Владата за да може да купува гас и да произведува топлинска енергија во престојната грејна сезона. Ваква одлука донесе владата на денешната седница.

  • Беше донесена одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија, се вели во дописот од Влада

Но, за да може ЕСМ   да ги грее  скопјани мора да се постигне  договор со Адора за топланите Исток и Запад и тогаш да ја добие третата лиценца за производство на топлинска енергија.  Иако , се очекуваше Владата денеска  да одлучи  дали ќе ги купи топланите или ќе ги земе под  закупи тоа не се случи. Според информациите  договор се очекува да има во следните неколку  дена.  Преговорите  со Адора се одолговлекоа  затоа што од компанијата  инсистираат  да ги продадат   објектите по цена колку што ги купиле лани. Владата пак повеќе е за закуп на топланите.

Во меѓувреме продлжуваат препукувањата меѓу власта и БЕГ, за тоа кој има законска обврска да испорачува греење  додека тоа не почне да го прави ЕСМ.   Отако  вчера  од Балкан Енерџи соопштија дека тие повеќе не се надлежни за тоа, вицепремиерот Битиќи возврати дека токму БЕГ  имаат законска обврска да ја врши услугата. Уште еднаш потврди дека  скопјани треба да бидат спокојни, зошто парно  ќе има.

За време на претходната кризна состојба , ЕСМ за набавка  на енергенси за топлинска енергија  од Владата доби 6 милиони евра за периодот од јануари до април. Овој пат  за оваа намаена сумата е повисока затоа што цената на гасот е многу поголема од онаа на почетокто на годинава.

Грејната сезона почнува за  нешто повеќе  од  две недели, а најрано доколку има потреба парното може да  биде вклучено  на 1 октомври.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Sasko Dimovski

Савески: Потребна е целосна финансиска независност на обвинителството и подобри услови за работа

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе