Вести Економија

Од полноќ започна наплатата по новите цени на бензините

Бензините од полноќ поевтинија, а поскапе дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Еуросупер 98 денеска се продава поевтино за еден денар за литар, а еуросупер 95, за половина денар.

Цените на еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство од денеска се повисоки за еден денар.

Со последните измени во ценовникот во малопродажба еуросупер 95 денеска чини 84 денари за литар, еуросупер 98 – 86 денари.

Новата цена на еуродизел е 91 денар, а на маслото за горење 87 и пол денари за литар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Sasko Dimovski

Савески: Потребна е целосна финансиска независност на обвинителството и подобри услови за работа

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе