Вести Економија Македонија Најважни

Национализација на БЕГ или договор според Законот за трговски односи

Договор за соработка или евентуално превземање односно национализација по теркот на Германија. Ова можностите за БЕГ но и за секоја друга приватна или државна компанија и установа која е клучна за работа во кризна состојба и пребродување и амртизирање на кризната состојба а кое е предвидено во член 33 од Законот за управување со кризи.

  • „Во случај ако се запре со вршење на услугите кон граѓаните тогаш има други закони и механизми кои ќе бидат употребени, како оние минатата година кои може да се применат веднаш. Како што е во Германија и во другите држави. Јас сум среќен што ние имаме такви закони. Посебно законот за енегергетика кој е европски закон а тука е и членот 33 од Законот за управување со кризи каде е опишано кои механизми може да ги користи државата и тоа важи за сите компании кои вршат јавна услуга, во овој случај и БЕГ“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Во член 33 од Законот стои дека во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба а на барање на Владата и во договор Центарот за управување со кризи може да се користат и ресурсите на граѓаните и компаниите кои не се од витално значење во кризната состојба.

Во моментов во државата се прегласени две кризни состојби, за енергетика и за топлинска енергија  во Град Скопје, кои се на сила до крајот на месецот што значи дека Владата може во секој момент да донесе одлука согласно овој член и закон.

Премиерот Ковачевски пак смета дека проблемот кој настана меѓу БЕГ и ЕСМ ќе се разреши преку заканот за траговцски друштва и дека нема да мора да се примени овој член. Тој повтори дека државата се обидува да најде гас за ТЕ-ТО по разумна и прифатлива цена, иако официјален договор за соработка сеуште нема. Ковачевски поитврди дека преговорите со Бугарија за купопродажба на струја висат а според инофрмациите на „Телма“ турски „Боташ“ сеуште ја нема доставено понудата со количината и цената за испорака на гас и струја.

  • „Ние разговараме со сите држави. Со Србија водиме разговори, со Бугарија е малку посложена ситуацијата бидејќи во моментот Бугарија нема Парламент а нивното зкаонодавство е лимитирано во однос ан продавање на цвиштоци на електрична енергија со диртектни договори и мора тоа да го прават преку берз. Имаме разговори со Труција и со Грција кои се ззтворени и каде е договорено да нема забрана за испорака на енергенси. Со Турција мислам дека сме на добар пат да обезбедиме базна енергија а со Србија очекуваме одговор бидејќи таму се работи за гас кој би бил користен во когенеративната централа од каде Србија би се снабдувала со дел од електричната енергија прозиведена таму“, изјави премиерот  Ковачевски.

Премиерот појасни дека средства за купување на енергенси се обезбедени преку билатерални кредитори и ММФ а се разговара и со преставници на финансиски моќни држави од Средниот исток.

Од денеска на мрежата е приклучен и ТЕЦ Неготино кој работи на мазут, со половина капацитет односно еден котел, и ќе произведува околу два гигавати струја дневно. За да бидат постигнат максималниот потенцијал на термоцентралните клучни во производствот на струја  треба да проработи и третиот блок во РЕК Битола.

Според Државниот завод за статиските во јули оваа година потрошени се вкупно 525 гигавати од кои 82 отсто биле биле произведени од домашни капацитети па затоа морало да се увезат дополнителни 18 отсто односно околу 90 гигавати струја.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе