Вести Економија

БЕГ контра Битиќи: Ниту имаме законска обврска ниту имаме можност да испорачуваме топлинска енергија на скопјани

БЕГ контра вицепремиерот Битиќи, ниту имаме законска обврска ниту имаме можност дас испорачуваме топлинска енергија на скопјани.
Од компанијата посочуваат дека по одземањето на лиценцата на 20 јуни имале законски рок да ја извршува дејноста кој исеткол и во кој период се направени ремонти. Договорот за закуп на топланите „Исток“ и „Запад“ со „Адора“ е раскинат а договорот со ЕСМ е истечен.

„ БЕГ – Производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите.БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. На 20.06.2022 година РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство.Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ сакаме да ја информираме јавноста дека овој договор беше со важност до 31.03.2022 год., односно истиот е истечен“, соопштија од БЕГ.

Се понеизвесно е како ЕСМ ќе испорача топлинска енергија за скопјани со оглед дека грејната сезона почнува на 15 октомври.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе