Вести Економија Македонија

Јавните комунални претпријатија пред банкрот, струјата прескапа, помош од Владата нема

По стопанството и јавните комунални претпријатија ја гледаат струјата од Бугарија како сламка за спас.

И до десет пати повисоки сметки за потрошена електрична енергија добиле дел од овие претпријатија со што нивното натамошно работење е доведено под прашалник.

Пумпите нема да се исклучат бидејќи уставно загарантирано право на граѓаните е пристап до вода и струја но затоа вработените во овие 90 претпријатија, а тие се околу 15 илјади на број ќе се соочат со недостиг на средства за исплата на плата.

Од здружението на комуналните претпријатија АДКОМ, побарале помош од Владата но засега оттаму не добиле никаоов повратен одговор.

Засега пред нив се две опции банкрот или зголемување на цените.

Поскапувањето на услугите кои би ги плаќале граѓаните е една од можностите.

Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, кој денеска присуствуваше на дебатата на АДКОМ, смета дека покрај струјата од Бугарија треба и комплетното домашно производство да им се стави на располагање на претпријатијата.

Драстично зголемување на цените на услугите ќе ја намали наплатата.

Едно од решенија за надминување на оваа состојба е и намалување на загубите во мрежите на Јавните комунални претпријатија кои во моментов се 65 отсто што е екстремно високо и прави проблеми во нивното работење и ликвидност

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески: Потребна е целосна финансиска независност на обвинителството и подобри услови за работа

Sasko Dimovski

Падна фасада од зграда во Карпош, оштетени три возила

Дејан Дејан

Формирале медиумски канал на интернет и поттикнувале создавање на терористичка група – кривична пријава против пет лица од Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе