Вести Економија

Цената на горивата се намалува за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на одлуката од 5.09.2022 година.

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,990 ден/кг и сега ќе изнесува 51,473 ден/кг.

Од 13.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 95                               84,50 (денари/литар)

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 98                              87,00 (денари/литар)

Дизел гориво                       ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                         97,00 (денари/литар)

Масло за горење                Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          93,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                         51,473 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,236%, кај дизелот за 2,617%, кај екстра лесното масло за 2,786%  и кај мазутот намалување за 3,266%, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Sasko Dimovski

Савески: Потребна е целосна финансиска независност на обвинителството и подобри услови за работа

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе